Новини

Hikvision е број 1 снабдувач на опрема за видео надзор во светот

Сподели Tweet

IMS Research неодамна објави дека Hikvision е број 1 снабдувач на системи за видео надзор и видео опрема во светот во 2011 година (Извор: извештајот на IMS Research “Глобално истражување на пазарот за производи и системи за видео надзор – 2012”).

Благодарение на добрите производи компанијата се искачи до првата позиција од 4-то место во претходната година. Покрај тоа веќе 3-та година по ред Hikvision е број 1 снабдувач на DVR производи во светот (IMS Research). Во категоријата безбедносни камери, Hikvision ја зазема четвртата позиција во глобалната листа на производители на камери за видео надзор (листата вклучува производители и на IP и на аналогни камери).

“Ние сме задоволни од резултатите презентирани во неодамнешниот извештај на IMS. Ова достигнување ги нагласува нашите напори на пазарот на производи за безбедност и претставува своевидно признание на нашиот бизнис модел “забележува Polo Cai, потпретседател на Hikvision” Покрај тоа, IP видео надзорот, кој што има постојан силен раст во текот на годините – останува клучен фокус за Hikvision “, продолжува тој.

Како одраз на трендовите во оваа индустрија, Hikvision продолжува да развива производи според барањата на клиентите и продолжува нивниот понатамошен развој во сегментот на IP видео надзор. “Изборот на Hikvision е да инвестираме во иднината. Нашите клиенти го ценат фактот дека сме водечки глобален провајдер на комплетни решенија за видео надзор и имаме ресурси да одговориме на потребите на пазарот како и да ги поддржиме нивните сегашни и долгорочни потреби “, истакна г-дин Каи.

“Во период од една година, Hikvision успеа да стане водечки провајдер за производи и системи за видео надзор во светот, со што ја подобри четвртата позиција од претходната година. Овој резултат ги потврди нивните напори да се секогаш во тек со технолошките трендови и да се меѓу водечките во ново воведените иновации. Како пример може да се даде транзицијата од аналоген кон мрежен видео надзор, благодарение на кој Hikvision постигна голем раст на пазарот”, истакна Гери Вонг, висок аналитичар во IMS Research.