Новини

Сектрон официјален дистрибутер на Bosch Security Systems

Сподели Tweet

Почитувани клиенти и партнери,

Задоволство ни е да Ве информираме, дека од почеток на месец март Сектрон стартува како официјален партнер на Bosch Security Systems за Бугарија, Србија, Македонија и Албанија. 
 
Гамата на производи на германскиот производител вклучува решенија за видеонадзор, озвучување и известување, познати и докажани на светскиот пазар со својот квалитет и иновативни технологии.

Сектрон ќе им нуди на своите клиенти системи за видеонадзор Advantage Line, наменети за мали и средни објекти, како и озвучувачко-известувачки системи Plena, а истите веќе ги има и воедно Ве покануваме да ги погледнете во нашиот изложбен салон.

„Соработката со Сектрон е важна за стратегискиот развој на нашиот бизнис. Со ова ново партнерство, Bosch Security Systems преку нов пристап ќе стигне до клиенти и крајни корисници на неколку пазари на Балканот - Бугарија, Србија, Македонија и Албанија. Ние гледаме во Сектрон силен, искусен партнер и веруваме во целокупниот бизнис успех во иднина“ изјави г-н Angelos Kokkinidis, Менаџер на продажби SEA, Bosch Security Systems.

„Како технолошки лидер на пазарот на решенија за сигурност ние нудиме висококвалитетни продукти и системи, одлична техничка поддршка, сигурен сервис и беспрекорна услуга на клиентите. Новата соработка со Bosch Security Systems ќе ни помогне да го прошириме нашето портфолио од системи за сигурност, за да одговориме на барањата на пазарот - од малите компании до најголемите индустриски и трговски објекти, за кои е неопходна изградба на сигурни и висококвалитетни решенија од водечки доставувач како што е Bosch. Долгогодишното искуство во спој со одличниот професионален пристап на двете компании, се гаранција, дека нашите клиенти ќе добијат ефективни решенија со највисок квалитет.", изјави г-н Виденов, Управител, Сектрон.

 

Bosch Security Systems е глобален доставувач на опрема, кој е во тесна соработка со широка мрежа од сертифицирани трговци и интегратори, за да предложи сигурни решенија за комуникација, сигурност и безбедност за секој пазар. Широката гама на продукти Bosch - системи за комуникација, видеонадзор, контрол на пристап, заштита и известување при пожар, се користат во основни училишта и универзитети, државни агенции, затвори, магацини, спортски и забавни објекти, казина, како и во многу други трговски и индустриски објекти по целиот свет.

Значителните инвестиции на компанијата во научно-истражувачка и развојна дејност се ненадминливи и овозможуваат Bosch редовно да ја актуелизира гамата на продукти и да воведува нови технологии. Bosch гарантира, дека сите нови продукти се развиваат, земајќи ги во предвид факторите од првенствено значење во светот на комуникациите, а тоа е сигурноста и безбедноста, вклучувајќи ефективност, квалитетот и лесното инсталирање, одржување и употреба. Целта на Bosch е потполно задоволство на клиентите преку продукти, сервис и одржување. Специјалистите на Bosch се во тесна соработка со клиентите, за да им помогнат да добијат нов бизнис. Услугите за техничка поддршка се лесно достапни по телефон, електронска пошта и интернет, а за монтерите, за сигурна инсталација и поддршка на системите за сигурност и комуникација, предвидена е обемна обука, за да се увериме, дека клиентите ќе го искористат максимумот од капацитетот на предложените системи. Веќе повеќе од 125 години името Bosch е симбол на квалитет и сигурност. Ние им помагаме на нашите клиенти во текот на сите решавачки фази на проектот -пред, во тек и после продажба.