Новини

Интегриран систем за видео надзор за потребите на Царинска управа на Република Албанија

picture
Сподели Tweet

Почитувани,
На наше огромно задоволство би сакале да Ве известиме дека во текот на месец Април 2012 год. Сектрон ДОО Скопје заврши со имплементација на интегриран систем за видео надзор, отчитување на регистарски таблички и отчитување на идентификациони броеви на контејнери за потребите на Царинска управа на Република Албанија и Гранична полиција на Република Албанија.

Имено комплетното решение се базира на ИП варијанта, при што за имплементација на истото користени се ИП камери произведени од реномираниот светски бренд IndigoVision.
Имплементацијата на овој проект опфаќа вкупно 22 различни локации, при што вкупно се инсталирани 327 ИП камери од кои:

  • 261 ИП камери се составен дел од системот за видео надзор
  • 50 ИП камери се составен дел од системот за автоматско отчитување на регистарски таблички
  • 16 ИП камери се составен дел од системот за автоматско отчитување на идентификациони броеви на контејнери

Комплетното менаџирање и следење на системите се врши во два одделни мониторинг центри во кои се инсталирани видео ѕидови со вкупно 12 ЛЦД монитори со големина од 54 инчи.

Систем за видео надзор

Системот за Видео Надзор е имплементиран на 20 различни локации и истиот е конфигуриран од 261 ИП камера од кои:

  • 108 куполни, 135 фиксни и 18 ротациони Пан/Тилт/Зум камери.

При имплементацијата на системот за видео надзор локално на издвоените локации поставена е комплетно нова кабелска инфраструктура, додека пак за комуникација со мониторинг центрите користени се веќе постоечките линкови на царинската управа на Р.Албанија. Комплетното напојување на камерите е базирано на PoE (Power Over Ethernet) решение, кое нуди дополнителна флексибилност на целиот систем. Снимањето локално се врши на специјализирани мрежни рекордери, произведени од истиот бренд како и камерите (IndigoVision). Парцијално системите за видео надзор на секоја локација се поврзани на дополнително стабилизирано автономно “UPS” напојување.
Поради тоа што се работи за ИП систем за видео надзор, комплетното менаџирање во однос на квалитет и корекција на слика, користен проток, начин на снимање и слично, се врши директно од мониторинг центрите.

Систем за автоматско препознавање на рагистарски таблички:

Системот за автоматско препознавање на регистарски таблички е имплементиран на 7 различни локации и истиот е конфигуриран од 50 ИП специјализирни камери за ваков тип на системи.
При имплементацијата на овој систем за секоја камера користени се специјализирани инфра црвени рефлектори и филтри кои придонесуваат да добиеме слика со многу повисок квалитет од стандардната и која е спремна за понатамошна софтверска обработка. Останатите инфраструктурни локални уредувања на системот се исти како и кај системот за видео надзор.
Информациите добиени од камерите за автоматско препознавање на регистарски таблички, покрај запишувањето во локална база на “ANPR”-сервери, автоматски се испраќаат и во централната база со податоци поставена во еден од мониторинг центрите во Тирана, каде што е достапна како информација за понатамошните процесни потреби на крајниот корисник.

Систем за автоматско препознавање на идентификациони броеви на контејнери:

Системот за автоматско препознавање на идентификациони броеви на контејнери е имплементиран на пристаништето во Драч.
Со овој систем се покриваат влезно-излезните партиции на контејнерскиот терминал во пристаништето во Драч.
Исто како и останатите системи инсталирани во овој преокт и овој систем е базирана на ИП решение. При имплементацијата на овој систем користени се специјализирани ИП камери за ваков тип на системи. Информациите добиени од сите камерите за идентификациони броеви на контејнери покрај запишувањето во локална база на “CPR”-сервери, автоматски се испраќаат и во централната база со податоци поставена во еден од мониторинг центрите во Тирана.
На наше огромно задоволство, би сакале да Ве информираме дека комплетната конфигурацијата на овој систем е направена од страна на Сектрон. Исто така би сакале да Ве известиме дека Сектрон ДОО Скопје е единствена фирма од овие простори која досега има извршено комплетно самостојна имплементација на ваков систем за отчитување на идентификациони броеви на контејнери.

Централизиран мониторинг:

Следењето и обработката на податоците добиени од погоре наведените системи се врши во два засебни мониторинг центри во Тирана.
Следењето се врши во мониторинг центрите каде што се инсталирани видео ѕидови конфигурирани со по 6 ЛЦД монитори со големина од 54’ инчи. Софтверското решение комплетно ги интегрира сите три системи, со што на крајниот корисник му се нуди дополнителна флексибилност при користењето и менаџирањето на системот во целина.

Операторите во мониторинг центрите покрај стандардните опции како што се набљудување во живо, прегледување на снимен материјал, симнување на видео за одредени периоди, достапни им се и дополнителни опции како што се: менаџирање на засебна листа со сомнителни возила, добивање на алармен сигнал при појава на сомнително возило на одредена локација, можност за изготвување на комплетни хронолошки извештаи со информации и статистички податоци за локациите со инсталирани ANPR и CPR системи, флексибилен преглед на снимен материјал при инцидентни ситуации со сомнителни возила и сл.

Предностите што ги нуди системот, базиран на копмлетно ИП решение и како интегрирано решение од три подсистеми, се неограничени во однос на надоградбата и проширувањето на системот со нови позиции/локации, без дополнителни трошоци за централниот мониторинг. Тука е и можноста согласно потребите на корисникот едноставно и без погоголеми финансиски прошоци да се направи проширување на местата за основно централизирано следење на системот.