Новини

Сектрон Број 1 во продажба CNB во Европа

Сподели Tweet

Сектрон е дистрибутер Број 1 во Европа за изминатата година. Новоста беше соопштена лично од г-н Dan Choi – Senior Sales Manager, кој ја посети централната канцеларија на Сектрон ООД на 15 и 16 јули во Софија.
На состанокот беше присутен македонскиот менаџер на Сектрон ДОО. Се разговараше зауспехот кој е досега постигнат, како и за плановите во иднина. Во изминатите три години камерите на CNB Technology го земаа едно од водечките места на македонскиот и бугарскиот пазар, заради исклучително добриот меѓу цената и квалитетот, широката производствена гама со одлични технички параметри ( 550 ТВ линии, дигитален филтер за шум, технологии за подобрување на чуствителноста кон светлина ). Уредите за видео надзор наоѓаат примена во разни објекти од сите профили – трговски објекти, канцеларии, магацини, станови, приватни и државни објекти.
CNB Technology е еден од најголемите производители на CCTV камери во Кореја, сега отвора своја канцеларија во Дуисбург, Германија. Со ова ќе се овозможи подобра комуникација и ќе се засили нивното пазарно присуство во Европа, така што времето за испорака значително ќе се намали.
Екипата на Сектрон доби признание и благодарност од г-н Dan Choi за ова постигнување.